Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна
Бродот „Гам Експрес“ испрати сигнал за помош во Керченскиот теснец, соопшти денеска Јужното транспортно обвинителство на Русија.
„Јужното транспортно обвинителство врши надзор врз безбедноста на пловидбата поради сигналот за помош што го испрати пловниот објект ‘Гам Експрес’ во Керченскиот теснец“, стои во соопштението објавено на „Телеграм“.
Руски медиуми објавија дека сигналот бил испратен поради доцнење во исплатата на платите и недостиг на храна.
„Екипажот не добил плата три месеци и нема храна. Последна испорака на храна на бродот била на 16 ноември, а залихите се исцрпени. Ова е причината за алармот“, соопшти Руската синдикална организација на морепловци.
Керченскиот теснец ја поврзува Црното Море со Азовското Море и е значајна морска транспортна рута.
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите