Свет
26. November 2017 - 20:46

Руски бомбардери гаѓаа објекти на Исламска држава во Сирија

Шест руски бомбардери “Ту-22М3“ денеска  гаѓаа објекти на Исламска држава во сириската провинција Деир ез Зур, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што јави БТА, авионите полетале од територијата на Русија и нападнале „објекти на терористите“ во долината на реката Ефрат. Сите цели се погодени, што беше потврдено со специјални технички средства. 

Најмалку 57 цивили, меѓу кои 19 деца беа убиени денеска на две места во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.