Свет
22. July 2022 - 10:40

Руската Влада го проширува списокот „непријателски“ држави

Руската Влада го ажурираше списокот земји кои, како што е наведено, „преземаат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва во странство“, додавајќи ги на листата Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.

Земјите кои се додадени на списокот ќе бидат ограничени во ангажманот на соработници во амбасадите, конзулатите и државните претставништва на територијата на Русија.

– Списокот што го утврди владата не е конечен и може да се прошири со оглед на натамошните непријателски дејствија на државите, насочени против руските претставништва во странство – се наведува во владиното соопштение објавено на каналот Телеграм, пренесе Блиц.рс.