-->
-->
Руската полиција ќе ги „најдгледува„ англиските навивачи
-->
Припадници на руската полиција ќе бидат присутни на стадионите „Олд Трафорд“ и „Енфилд“, со цел да соберат повеќе информации за однесувањето на англиските навивачи на стадионите, а пред Мундијалот во Русија.
Руските полицајци ќе присуствуваат на натпреварите од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и ЦСКА Москва, односно Ливерпул и московски Спартак, потврдија од британската амбасада во Москва.
На првите две средби меѓу овие екипи кои се играа во Москва немаше инциденти, но затоа на последното Европско првенство во Франција, блиските средби меѓу англиските и руските навивачи редовно завршуваа со масовни тепачи и повредени.
Според најавите, предвидени се и конкретни разговори и средби на англиската и руската делегација, со организаторите на Мундијалот.
Британските власти се надеваат дека нивните навивачи ќе бидат „топло“ пречекани во Русија за време на Светското првенство што ќе се одржува од 14 јуни до 15 јули следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости