Руската авијација уништи команден штаб на Нусра фронт
Руските ВВС уништија команден штаб на терористичката организација Нусра фронт, нивниот лидер е во критична состојба, а 12 команданти се ликвидирани, изјави портпаролот на МО на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
– Руската воена разузнавачка служба откри на 3 октомври место и време на одржување состанок на раководството на Нусра фронтот на чело со лидерот на групата Абу Мухамед ел Џулани. За уништување на таа цел руската авијација во Сирија испратила Су-34 и Су-35, прецизира Конашеков.
- За врема на нападот лидерот на Нусра фронтот Абу Мухамед ел Џулани се здобил со многубројни тешки рани и ја загуби и раката, и според информации од неколку извори, се наоѓа во критична состојба. Заедно со обебзедуавњето (околу 50 луѓе) убиени се и 12 команданти од Нусра фронтот вклучително и Ахмад ел Гизаи, близок помошник на Ел Џулани, изјави Конашенков.
Тој додаде дека специјалните акции на МО на Русија за ликвидирање терористи вмешани во напад врз руски војници во Сирија ќе продолжат
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот