Руската армија ќе добие повеќе од 70 борбени авиони Су-57
Повеќе од 70 борбени авиони од петтата генерација Су-57 ќе бидат испорачани на руската војска до 2027 година, вклучително и неколку авиони оваа година, соопшти руската државна технолошка корпорација Ростек.Ростек коментираше статија во американското списание Нешнал Интерест (National Interest), во која се тврди дека е малку веројатно дека Су-57 ќе биде оперативен пред 2027 година, објави агенцијата ТАСС.
„Руските авиони од петтата генерација прават Западот да не се чувствува удобно. Су-57 и новиот руски ловец често стануваат цел на лажни вести. Станува збор за неточни факти кои немаат никаква врска со реалноста. Авионот веќе се произведува и испорачува. До 2027 година ќе бидат испорачани повеќе од 70 авиони, а неколку веќе оваа година“, се наведува во соопштението на Ростек.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното