Русите отворија предупредувачки оган кон британски разурнувач во Црно море
Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска испукаа предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница.
Претходно, британскиот разурнувач добил предупредување дека ќе биде употребено оружје врз него доколку ги наруши границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не одговори на предупредувањето, наведе руското Министерство за одбрана.
„Разурнувачот УРО ’Бранител’ на британската морнарица ја мина државната граница на Руската Федерација на 23 јуни во 11:52 часот, движејќи се по северозападниот дел на Црното Море и влезе во територијалното море во областа на Кејп Фиолент“, се наведува во соопштението на руското МО.
Министерството дополнува дека потоа граничен брод на руската флота испука два предупредувачки истрела, во 12.06 и 12.08, по што, во 12.19 часот, авион Су-24М извршил предупредувачко бомбардирање во правецот на движење на британскиот разурнувач, пренесуваат руските медиуми
Британскиот разурнувач во 12.23 часот ги напуштил руските територијални води, заклучува руското МО.
Ново на Сител
-
Средба Сиљановска Давкова-Де Кро: Белгија со поддршка за македонските евроинтеграции
-
Пожар во скопската населба Бутел 1, запален кров на барака
-
Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија