Русите ги ослабнаа: Терористите почнаа меѓусебно да се борат за територија
Руските авиони во последните 24 часа бомбардираа 51 локација на терористите, меѓу кои складишта со оружје и командни места, а тешко се оштетени и два подземни тунели во Хомс.
Исламската држава во последната недела, наводно активирала три автомобил-бомби на возилата на локалната Ал-Нусра, органок на Ал-Каеда во Сирија. Се верува дека терористичките групи сега во Сирија се борат меѓусебно за територија, но и оружје. Поради зачестените руски напади на цели на ИСИЛ, терористите регрутираат се повеќе деца за бројно да се зголемат.
- Повеќете од вооружените банди се деморализирани, борците се незадоволни па така се јавува одбивање на наредбите од надредените - вели рускиот генерал Андреј Картаполов.
Додава дека случаите на дезертирање меѓу џихадистите веќе не се изолирани туку цели групи на милитанти го напуштаат самопрогласениот калифат.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра