Спорт плус
20. August 2016 - 10:58

Русинката Исинбаева ја заврши кариерата

Двојната олимписка шампионка и светска рекордерка во скок со мотка, Русинката Елена Исинбаева, објави во петок дека ја завршува спортската кариера.
„Ве повикав да ве информирам дека одлучив да ја завршам кариерата“, рече Исинбаева на вонредна прес конференција во Рио.
 
Таа не настапи на Олимписките игри бидејќи руските атлетичари беа суспендирани заради допинг скандали.
 
Исинбаева на ОИ во 2004 и 2008 година освои златни олимписки медали во скок со мотка, додека во 2012 година освои бронза.
 
Исинбаева(34), 28 пати го соборуваше светскиот рекорд и е повеќекратна светска и европска шампионка.