Русија вели дека е подготвена да разговара со САД за иницијативата за мир во Украина уште денеска
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија е подготвена да разговара со САД за мировната иницијатива за која се договорија САД и Украина и дека денеска се очекува да има контакти.
По разговорите со високи американски дипломати во Саудиска Арабија во вторникот, Украина рече дека е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот и дека САД рекоа оти ќе го пренесат предлогот до Москва.
-Подготвени сме да разговараме за иницијативите наведени таму во идните контакти со САД. Можно е овие контакти да се случат денеска, рече Захарова.
Кремљ претходно објави дека американски преговарачи летаат за Русија и дека советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, вчера разговарале телефонски. Кремљ соопшти и дека рускиот претседател Владимир Путин може да има меѓународен телефонски разговор подоцна денеска. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека ја чека одлуката од неговиот руски колега дали ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот веќе одобрен од Украина, што САД ќе го прифатат како прв чекор кон мировните преговори.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ