Русија упати 14 прашања до Велика Британија, а 10 до Франција за Скрипал
Руското Министерство за надворешни работи упати до Велика Британија 14, а до Франција 10 прашања во врска со труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, за кои Москва бара одоговор.
Прашањата се фокусирани на вклучувањето на француски истражувачи во истрагата за труењето, а Москва се интересира врз која основа Франција е вклучена и кое ниво на експертиза го има.
Москва бара од Велика Британија да одговори дали нервниот агенс „новичок“ некогаш се произведувал на територијата на земјата, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
ТАСС јави дека, 14-те прашања за Лондон се однесуваат на нервниот агенс „новичок“, односно дали некогаш таков агенс е развиван на територијата на Велика Британија.
Русија исто така бара објаснение како Велика Британија дошла до заклучок дека нервниот агенс со кој е труен Скрипал потекнува од Русија.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место