Русија стави вето на судот за соборувањето на малезискиот „Боинг“
Русија синоќа го искористи своето право на вето и го блокираше усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за формирање на Специјален меѓународен суд, кој би им судел на одговорните за соборувањето на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ над источна Украина во јули минатата година.
При гласањето, „за“ усвојување на резолуцијата, иницирана од Австралија, Белгија, Малезија, Украина и Холандија, се изјаснија 11 земји-членки на Советот за безбедност на ОН, Русија беше „против“, а Ангола, Венецуела и Кина се изјаснија како „воздржани“.
Авионот на „Малезија Ерлајнс“ со 298 патници и членови на екипажот, беше соборен на 17 јули 2014 година, за време на летот од Амстердам до Куала Лумпур. Речиси две третини од загинатите патници во авионот беа Холанѓани.
Според истрагата, авионот бил соборен со противвоздушна ракета над територијата што е под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Киев за уривањето на авионот ги обвинува сепаратистите, додека тие и Москва тврдат дека за инцидентот е одговорна украинската армија.
По гласањето во Советот за безбедност, американската амбасадорка во ОН, Самата Пауер изјави дека руското вето е „скандалозно“, бидејќи со него се блокира обидот „298-те жртви на несреќата да ја добијат правдата“.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст