-->
-->
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-->
Руските системи за противвоздушна одбрана спречија серија напади со украински беспилотни летала, соопштија руските власти рано денеска.
„Во нападите беа уништени вкупно 56 беспилотни летала, од кои 28 беа соборени во Воронежската област, 11 во Белгородската област и 17 во Ростовската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во Белгородската област двајца жители се повредени од шрапнели, соопштија локалните власти. Украина се повеќе користи беспилотни летала како дел од својата одбрана од Русија, чии војници извршија инвазија на украинска територија во февруари 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот