Свет
25. October 2024 - 10:01

Русија со дронови го нападна Киев

Русија го нападна Киев со беспилотни летала во текот на ноќта, што е 15-ти воздушен напад врз главниот град на Украина овој месец, соопштија денеска градските власти.

За време на нападот, кој траеше околу четири часа, беа соборени десетина беспилотни летала, објави на Телеграм шефот на воената управа Сергеј Попко.

Тој додаде дека властите не добиле извештаи за повредени и дека остатоците од соборените дронови предизвикале пожар кој подоцна бил изгаснат. рп/Фото: МИА архива .