Русија се надева дека САД нема да и испорачаат на Украина ракетни системи со долг дострел
– Русија се надева дека САД нема да и испорачаат на Украина ракетни системи со долг дострел, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
– Оваа информација треба внимателно да се провери. Моментно, нашиот став го темелиме на изјавата на портпаролот на Пентагон, Џон Кирби дека не е донесена конечна одлука за ова прашање. Се надеваме дека здравиот разум ќе надвладее, истакна Антонов преку Телеграм каналот на руската амбасада, оценувајќи дека тоа би бил „провокативен чекор“.
Русија постојано ги предупредува САД преку дипломатски канали дека „невидената поплава од оружје во Украина значително ги зголеми ризиците од ескалација на конфликтот“.
– Американците се многу свесни дека нивните акции ги пролонгираат шансите за постигнување мир. САД се повеќе се вклучуваат во кризата во Украина, која може да има непредвидливи последици за глобалната безбедност, нагласи Антонов.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива