Русија претстави наводни сведоци на нападите во Дума, Сирија
Во меѓународното седиште во Хаг на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) Русија организираше прес-конференција, на која присуствуваа околу 15 Сиријци, за кои се тврди дека се вистински сведоци на хемискиот напад во сирискиот град Дума на 7 април.
Велика Британија, САД и Франција го бојкотираат настанот,, нарекувајќи го трик и маскарада.
Сирискиот лекар Халил ел Џејш изјави дека пациентите во градската болница немале никакви симптоми на труење со хемиски супстанци и дека имале само симптоми на гушење од прашината и чадот од мал и среден степен.
- Дојдовме да го информираме светот за она што се случуваше во Дума, а не она што беше на видео-снимката. Тоа не е она што се случуваше внатре, изјави Ел Џеиш, мислејќи на снимката на „белите шлемови“, со која западните земји докажуваат дека имало примена на хемиско оружје.
Тој вели дека тој ден бил дежурен на одделот за итна помош и примал пациенти. - Почнаа да стигнуваат болни луѓе, со симптоми на гушење, околу 15 луѓе. Тие се наголтале чад и прашина, и никакви други симптоми немаа. Тоа се случи поради бомбардирањето на околните згради, изјави лекарот.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка