Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина
Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин изјави дека Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина, пренесе денеска РИА
„Остануваме отворени за дијалог и се залагаме за навистина праведно, сеопфатно и конечно решение на кризата, што може да се постигне само со искоренување на нејзините основни причини, двете главни причини се проширувањето на НАТО и газењето на правата на етничките Руси и жителите на Украина кои зборуваат руски“, рече Галузин.
Според него, без елиминирање на горенаведените причини, привремен прекин на огнот или замрзнување на конфликтот ќе резултира со негово неизбежно продолжување, што е неприфатливо за Русија.
Галузин исто така изјави дека „законските пречки остануваат поврзани со нелегитимноста на режимот во Киев и сегашната законска забрана за мировни преговори во Украина“.
Галузин рече и дека Москва не добила конкретни предлози кои би ѝ одговарале за почеток на преговорите за Украина, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН