Русија од денеска ќе претседава со Советот за безбедност на ОН
Војната против тероризмот и актуелните судири на Блискиот исток и во Северна Африка се теми кои ќе и бидат приоритет на Русија за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН, кое го презема денеска.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на 30 септември ќе организира министерски состанок, на кој ќе се расправа за овие и останати теми во рамки на 70. седница на Генералното собрание на ОН, која почнува на 15 септември. Се очекува ОН да го продолжи мандатот на својата мировна мисија во Либија, кои истекува на 15 септември. Исто така, на дневен ред ќе биде и граѓанската војна во Сирија и меѓународната истрага за тврдењата околу користење хемиско оружје во оваа земја.
Советот за безбедност, исто така, ќе ја разгледа и ситуацијата на Блискиот исток и неодамнешните случувања на Голанската висорамнина.
Членките на СБ на ОН ќе ја надгледуваат работата на Регионалниот центар на ОН за превентивна дипломатија во централна Азија.
Ситуацијата во Авганистан, Либерија и Судан, исто така, ќе бидат предмет на расправа.
Претседавањето со Советот за безбедност ротира секој месец меѓу 15-те земји-членки. Следен претседавач, од 1 октомври, ќе биде Шпанија.
Ново на Сител
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети