Русија на границата со Грузија отвора мобилизационен пункт
На границата меѓу Русија и Грузија на контролниот пункт Горен Ларс ќе биде отворен мобилизациски пункт, соопшти Министерството за внатрешни работи на руската република Северна Осетија.
Во соопштението објавено на Телеграм не се прецизира кои се причините за таквата одлука.
„Сериозно се зголемува приливот на патнички возила што се движат кон Грузија. За да се намалат ризиците од незаконско однесување и создавање конфликтни ситуации, донесена е одлука на граѓаните да им се овозможи да ја преминат границата и пешки, се наведува во соопштението.
Претходно на посоченото место, границата можеше да се помине само со превозно средство.
Од почетокот на делумната мобилизација во Русија, на 21 септември, на граничните премини со соседните земји, каде за Русите не е потребна виза, редиците за излез од земјата се огромни.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена