Русија ја обвини Украина дека одолговлекува со одговорот на предлогот за преговори
Кремљ денеска соопшти дека на Украина и предложи преговори во белорускиот главен град Минск, но нагласи и дека Украина во моментов одолговлекува со одговорот, откако претходно побарала средбата да се одржи во Варшава.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има прекин во комуникацијата, бидејќи Украинците прават „долга пауза“.
За време на паузата, украинските националисти, вели тој, распоредиле ракетни системи во поголемите градски области.
Песков не достави докази за да го поткрепи тоа тврдење, но смета дека тоа е многу опасен развој на настаните.
Украинските власти се уште не ја коментираат изјавата на портпаролот на Кремљ.
Претходно денеска Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација од претставници на Министерството за надворешни работи и за одбрана во белорускиот главен град Минск на разговори со претставници на Украина.
Ново на Сител
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО