Свет
11. September 2018 - 14:05

Русија и Кина го „газат“ доларот: Путин и Џинпинг си подадоа рака за користење на националната валута

Русија и Кина се залагаат за користење на националните валути во  услови на постоечки ризици во светската економија, рече рускиот претседател Владимир Путин по разговорите меѓу Русија и Кина.
 
- Руската и кинеската страна  ја потврдија заинтересираноста за активна употреба на националната валута на заедничките сметки. Тоа ќе ја зголеми стабилноста на банкарските услуги за извозна -увозна трансакција во услови на постоечки ризици на глобалниот пазар, рече Путин. 
 
Според неговите зборови, во првата поволна година на билетералниот трговски обрт зголемен е за скоро третина и достигнал  50 милјарди долари. 
 
- Постои причина да се верува дека до крајот на годината можеме да достигнеме до рекордот на ниво на трговскиот промет од 100 милјарди долари, додал рускиот претседател. 
 
Соработка и во областа на енергетиката
 
Путин додал дека Русија и Кина ќе развијат соработка во областа на енергетиката вклучувајќи ја и областа на мирнодопска нуклерна енергија. 
 
- Важна област е соработката со енергетиката. После цела година сме во кругот на меѓудржавната соработка меѓу  Русија и Кина каде што се испорачани 30 милиони тони нафта, а земајќи во предвид комерцијалната испорака, таа цифра преминаува на 50 милиони тони. Според планот се гради гасовод „Силата на Сибир“, чиј почеток  е предвиден за крајот на 2019 година. Усогласени се  основните услови на испорачување на гасот со Далечниот Исток, истакна рускиот претседател Владимир Путин.