-->
-->
Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст
-->
Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж. Жените со 35 години, мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
На денешната седница, како што потенцира министерката, била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенефициран стаж на рударите.
- Со досегашниот закон тие би заминувале во пензија на околу 58-годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години.
Таа посочи дека сега за секоја година пропорционално ќе им се пресметува бенефицираниот стаж и така побрзо ќе навршат 40 години бенефициран стаж и ќе можат да заминат во пензија.
- Се очекува во 2019/2020 година околу 100 лица да го остварат пензионирањето врз основа на ова законско решение, нагласи Царовска.
Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека рударството е многу значајно за индустриското производство во Република Македонија.
- Како сектор учествува со 8,31 отсто од индустриското производство, а директно и индиректно вработува над 10.000 граѓани во Република Македонија, посочи Бектеши.
Тој наведе дека ќе се работи и за дополнување и изменување на Законот за минерални суровини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“