РТС: Во новата српска влада тројца нови министри
Српската мандатерка Ана Брнабиќ ќе упати денеска прелог до Собранието за состав на нова влада и според РТС, меѓу нив се и три нови министри кои не беа во претходната влада.
Имено, Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичката партија ќе биде предложен за министер за локална самоуправа, поранешниот градски секретар Роран Триван ќе биде министер за заштита на животната средина и лидерот на СНП, Ненад Поповиќ ќе биде министер без ресор задолжен за иновации.
Брнабиќ ќе предложи министер за одбрана да биде Александар Вулин, а Зоран Ѓорѓевиќ – министер за труд. За европски интеграции ќе биде задолжена досегашната министерка без ресор – Јадранка Јоксимовиќ.
Потпретседатели ќе останат Ивица Дачиќ, Небојша Стефановиќ, Зорана Михајловиќ и расим Љаиќ. Брнабиќ ќе предводи тим од 18 министри и тројца без ресор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден