РСБСП апелира возачите никогаш да не возат пијани
Осумдесет и пет проценти од возачите барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, покажува едно анкетно истражување спроведено од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Оттаму истакнуваат дека голем број сообраќајни незгоди се предизвикани од пијани возачи и затоа апелираат граѓаните никогаш да не седнуваат пијани зад волан.
– Управувањето со моторно возило под дејство на алкохол, е чин кој нема никаква смисла и логика за оправдување. Да се вози под дејство на алкохол, не само што значи непочитување на Законот, туку и непочитување на основните хумани и цивилизациски вредности. Да возиш пијан, значи дека не го почитуваш сопствениот живот, дека не го почитуваш животот и здравјето на твоите најблиски, дека не го почитуваш човечкиот живот, без разлика за кој човек станува збор, велат од РСБСП.
Истражувањата покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите, кои возеле под дејство на алкохол, патувале на кратко растојание до 20 километри.
Според РСБСП, скоро сите возачи се свесни за последиците од возењето во пијана состојба, но сепак возат, бидејќи никој не верува дека токму него ќе му се случи сообраќајна незгода, а честопати и наоѓаат изговори од типот „Сум возел и друг пат малку пијан, ништо не ми се случи“, „Мене алкохолот не ми влијае, можам да возам и пијан“, „Од две-три пијачки не си пијан, можеш да возиш без никој да те примети“…. Има и такви кои не се плашат од сообраќајната полиција.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачот не смее да управува возило под дејство на алкохол, односно доколку количината на алкохол во крвта изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-„нула“. Казните во зависност од количината на алкохол во крвта изнесуваат до 375 евра, односно до 60 негативни бода во возачката книшка од максимум 100 и забрана за управување возило до 12 месеци.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување