-->
-->
Рон Џереми се соочи со 20 нови обвиненија за сексуален напад
-->
Човекот сметан за „легенда“ на американската порноиндустрија, Рон Џереми се соочува со дополнителни 20 нови обвиненија за сексуален напад, покрај осумте претходни тужби од коишто за шест тој во јуни се изјасни невин.
Овојпат се работи за 13 жени и случаи кои вклучуваат и силување, присилен орален секс, содомизирање, содомизирање врз личност без свест и злоупотреба на 15-годишно девојче. Случаите датираат наназад до 2004 година, а последниот се случил на 1 јануари 2020 година.
Жртвите биле на возраст од 15 до 54 години.
Рон Џереми (67), се соочува со доживотен затвор. Се очекува повторно негово појавување пред судот во Лос Анџелес в понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени