Роман од Божин Павловски номиниран за Меѓународна награда за литература Даблин
Романот „Рогот на љубовта“ од Божин Павловски, предложен од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, е во конкуренција за престижната Меѓународна награда за литература Даблин (International Dublin Literary Award) за 2017 година.
Од Одделението за меѓународна соработка и културни манифестации при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, соопштија дека романот бил единствениот којшто одговарал на пропозициите на наградата односно да биде напишан на македонски јазик и преведен на англиски јазик во точно утврдени термини. Во конкуренција за наградата се 147 романи номинирани од национални и градски библиотеки од 38 земји на 18 јазици во светот.
Наградата се доделува за роман објавен или преведен на англиски јазик, а во 2012 година македонски кандидат за оваa награда беше романот „Нишан“ на Блаже Миневски. Англискиот превод на „Рогот на љубовта“ е на Весна Н. Крстевски.
Наградата се врачува секоја година на 12 јуни во Даблин. Добитникот на наградата добива 100.000 евра, од кои, за романите преведени на англиски, дел од наградата, односно 25 илјади евра добива преведувачот.
Во годинашниот список на номинирани романи на официјалната страница на Меѓународната награда за литература Даблин стои дека „Рогот на љубовта“ е преведен од македонски јазик, како еден од 18-те јазици на кои се напишани романите во конкуренција, а е номиниран од Националната и универзитетска библиотека на Македонија.
Романот „Рогот на љубовта“ годинава ќе се натпреварува заедно со новите романи на Марио Варгас Љоса, Маргарет Атвуд, Орхан Памук, Џонатан Франзен, Милан Кундера, Изабел Аљенде, Кејт Аткинсон, Георги Господинов, Една О'Брајан, Џон Ирвинг, Мишел Уелбег, Казуо Ишигуро, Салман Ружди, Џим Шепард, Енрике Вила-Матас, Горан Војновиќ и други.
Престижната Меѓународна награда за литература Даблин се доделува од 1996 година, а меѓу досегашните добитници се и нобеловците Орхан Памук и Херта Милер, потоа Мајкл Мек Кормак, Дејвид Малуф, Хавиер Мариас, Тахар Бен Желун, Колим Мек Кан, Џон Мек Грегор, Мишел Уелбек и Хаж Рави.
Ново на Сител
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка