Родри ја доби „Златната топка“
Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родри ја доби „Златната топка“ за 2024 година. Се доделува на најдобриот фудбалер за периодот 01.08.2023 - 31.07.2024 година во кој е вклучено и Европското првенство. Најблиску до Родриго Ернандез беше триото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Даниел Карвахал.
Во кампањата 2023/24, Родри стана европски шампион со Шпанија и ја освои титулата во Англија со Манчестер Сити.
Ова издание на наградите стана едно од најдискутираните откако првично се очекуваше Винисиус Жуниор да ја подигне наградата, но потоа работите се променија.
„Златната топка“ за 2024 година ја доделуваат заеднички УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Екип“. Победникот кај мажите беше решен по гласањето на новинарите од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА. Секоја земја има по еден претставник. Од листата од 30 номинирани, жирито ги рангира првите 10 по опаѓачки редослед. На десетте избрани играчи им се доделуваат 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен соодветно. „Златната топка“ се доделува на играчот со најмногу поени.
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите