Родителите на деца со посебни потреби бараат итно решавање на проблемите со кои се соочуваат
Родителите на децата со посебни потреби, кои се членови на 20-тина здруженија, од ресорните министерства и пратениците бараат да добијат квалитетни испитувања, терапии и стручен кадар за нивните деца, а исто така возрасните лица со посебни потреби по 26 година да им биде покриено здарвственото осигурување.
Како најприоритетен проблем за решавање го посочуваат сместувањето на децата по нивната смрт. Сметаат дека институциите во Демир Капија и Негорци, каде што треба да бидат сместени нивните деца, не се соодветни и бараат државата да најде решение за нивно сместување. За возврат тие ги нудат своите куќи и станови и да волонтираат до крајот на животот.
На денешната прес-конференција во Штип Зоран Мијаков од Здружението „Сплотени срца“ истакна дека за да ги испратат пораките до сите политичари три дена ќе кампуваат пред Собранието, а шаторите ќе ги постават од четврток во девет часот. Истот ден ќе одржат и прес-конференција.
Мијаков најави дека секој 21, 22 и 23-ти во наредните месеци ќе ги поставуваат шаторите и мирно ќе протестираат.
- Најбитно ни е да потенцираме дека ова нема никаква врска со партија или било што предвреме осудуваме доколку некој се обиде да не злоупотреби, бидејќи се случуваат и такви работи во нашата земја. Значи сите сплотени ќе бидеме за нашите деца во Скопје, а како што велиме ќе кампуваме пред совеста на нашите пратеници, вели Мијалков.
Ново на Сител
-
Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски
-
Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
-
Багерист во Мирковци пронашол експлозив
-
Кривична против седум лица за „несовесно работење во службата“ - Предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32,000 евра
-
Кривична пријава против 50 годишен скопјанец - Нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
-
Малолетници нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да го силуваат
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер