Роботи во иднина ќе извршуваат автоматизирани хирушки интервенции
Едно научно истражување спроведено во Америка наведува дека роботите кои целосно независно би ги извршувале операциите на луѓето, би можеле да ги подобрат крајните резултати од самите хурушки интервенции.
Во експериментите извршени на свињи, хирушкото шиење на роботите било во иста мерка добри, ако не и подобри од човековите.
Според авторот на студијата, др. Петер Ким од Институтот за педијатриска хирушка иновација „Шеик Зајед“ во Вашингтон, на целосно ист начин би можело да се применува интервенци и на луѓето.
- Роботските операции се повеќе стануваат вообичаена работа во САД, но нашите роботи и понатаму мораат да ги наведуваат хирузи. Автоматизираните роботи од друга страна би биле повеќе доследни, рече Ким.
- Без оглед на тоа колку се мирни хирушките раце, секогаш постои благо потресување, додаде Ким.
За да се провери дали роботите се во состојба сами успешно да ја завршат хирушката задача, истражувачите креирале робот Smart Tissue Autonomous Robot (STAR) кој се состои од роботски раце и медицинска опрема.
Роботот за време на интервенцијата се служи со компјутерска програма за да се утврди каде и како да го постави шавот. Во почетокот истрачувачите ја тестирале способноста на роботот да спои два дела на свинско ткиво, а автономниот робот во поголем број случаи го надмина човечкиот хирург.
Резултатите од операцијата согласно со резултатите на врвни хирурзи, сепак, автономната роботска хирургија се уште има долг пат пред себе пред да биде подготвена за поширока примена.
Ново на Сител
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари