Ристовски: Пандев, Лазаров и Иџе нема да рекламираат казина или обложувалници
Министерот за спорт, Борко Ристовски на денешната прес-конференција кажа дека спортистите кои кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.
„Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока“, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
„Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности“, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат
-
Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази
-
Мицкоски: Владата ќе ја отпочне постапката за разрешување на јавниот обвинител