Ристо Самарџиев и Тајфата на Димо Дулот за пречекот на Нова година во Кавадарци
Ристо Самарџиев со својот бенд и Тајфата на Димо Дулот ќе ги забавуваат сите оние кои ќе се решат Новата 2017 година да ја дочекаат на градскиот плоштад во Кавадарци.
Зоран Станоев Дејзи, кој е дел од организацијата, денеска информираше дека во петок, на 30 декември во 12 часот на градскиот плоштад ќе биде отворен новогодишниот базар на домашна храна, вино и ракија.
- Се очекува присуство на многубројни гости од земјава и странство. Сите тие ќе можат да уживаат во извонредниот вкус на традиционалните производи од тиквешкото поднебје. Станува збор за специјалитети кои долги години се консумираат на овие простори, а тајната за нивното приготвување се пренесува од генерации на генерации, рече Станоев.
Во сабота, на 31 декември во 12 часот, на градскиот плоштад ќе се одржи традиционалната детска новогодишна бајка. Новогодишната бајка вклучува настап на учесниците на детскиот фестивал „Гроздоберче“ и балетските групи од градот, ќе донесе и настап на бројни жонглери и маскоти кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент.
Ново на Сител
-
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во официјална посета во Скопје
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај
-
Г7 се обединуваат за да ги стабилизираат пазарите
-
Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фаза
-
Сончево и топло до 31 степен
-
Состојба на патишта
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти