Рикер: Направивте многу, очекуваме наскоро да станете 30-та членка на НАТО и да добиете датум за преговори
Северна Македонија преку Преспанскиот договор покажа пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина. Во САД со восхит се гледа на она што вие и вашата земја го направивте. Во тој дух земјата треба да продолжи, а опозицијата да се вклучи во процесите. Земјата треба да овозможи владеење на правото и да покаже дека никој не е над законот, изјави денеска в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер по средбата со премиерот Зоран Заев.
Тој очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО, а очекува на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ. САД, како што рече, иако не се дел од ЕУ, постојано и давваат поддршка на Северна Македонија на тој пат, но и на билатералните средби со земјите членки ги поттикнуваат есенва државата да го добие долгоочекуваниот датум за преговори.
Имате, додаде тој, постигнато многу и треба да ги исполните зададените критериуми.
– На денешната средба со премиерот Заев ја подвлековме важноста од донесувањето на законот за јавно обвинителство. Имаме добра основа во предлогот и се радувам на неговото изгласување. Се надевам дека овој процес ќе заврши брзо заедно со опозицијата. Се надевам дека опозицијата, не само тука и во другите земји ќе биде витална за нивната иднина. Ова е одличен момент за сите да се здружат и да го завршат процесот, рече Рикер.
Во истовреме треба да обезбедите истрагите да бидат транспарентни, бидејќи како што потенцира, граѓаните го почитуваат тоа. Треба да и се покаже на јавноста дека владеењето на правото е од клучно значење и никој не е над законот.
Премиерот Зоран Заев е задоволен што Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, што, како што рече е една од стратешките определби на земјата. Тој верува и дека земјава наскоро ќе го добие долгоочекуваниот датум за преговори.
– Сите навестувања се дека во окотмври ќе стигне долгочекуваната одлука за старт на преговоирте. Никој не сака нови разочарувања и изневерени ветувања, ниту во ЕУ, ниту дома, ниту во регинот. Никој не сака да се отвори шанса за зголемено влијание на недобронамерните страни во земјата и регионот. Сите го очекуваат признанието за исполнетите демократски реформи за најдоброто можно решене, за прашањето за соседите и за определбата на нашата земја да биде дел од западниот демократски свет, рече Заев.
Ново на Сител
-
78-годишен велосипедист синоќа загина во сообраќајка во Скопје - Возачот е приведен
-
Трамп: Царините може да донесат „малку вознемиреност“
-
Разрешен од позиција Сашо Дранго кој се сликаше со убиена мечка - „Македонија пат“ доби нов заменик директор
-
Уапсен 19-годишен возач поради сообраќајката на патот Тетово-Гостивар во која загина жена
-
Две одвоени судења против Мерко денеска во Струшкиот суд
-
Трамп ја поздрави иницијативата на Зеленски за подобрување на односите
-
Состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ, меѓу темите и можниот старт на ЕТИАС системот
-
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло