Ридли Скот: Знаев дека има вода на Марс
Вашингтон, 1 октовмри 2015 (МИА) - Славниот режисер, Ридли Скот, кој е актуелен со филмот „Марсовец: Спасувачка мисија, три-де“ изјави дека НАСА, наводно, му ги покажала фотографиите со вода на Марс уште пред два месеци, но тогаш било предоцна во неговиот филм да ги вклучат новите информации.
Оваа екранизација на роман, на едно ниво може да изгледа како огромна реклама за НАСА, но всушност тесната соработка меѓу Агенцијата и филмската екипата на Скот доведе до тоа режисерот да не биде изненаден заради последните вести од Марс ,јави Танјуг.
На прашањето на новинарите дали знаел дека остои вода на Марс, тој одговори: „Тоа го знаев уште пред неколку месеци“.
НАСА им помогнала на Скот и сценаристот Дру Годард да направат што пореална површина на Марс и на вистински начин да ги презентираат екстремните услови кои владеат на површината.
Скот истакна дека НАСА веќе подолго време истражува вода на Марс.
- Кога првпат разговарав со НАСА, добивме голем број информации, вклучувајќи ја и онаа дека на површината се наоѓаат масивни глечери. Бела површина на Марс, за која мислев дека е покриена со прашина, се испостави дека е мраз... И се запрашав, дали тоа е океан, се надоврза Ској во изјваата за медиумите откако НАСА го објави неверојатното откритие.
Во ценарот на филмот е астронаутот, Марк Ватни, кој го игра Мет Дејмон - првиот човек кој стапнал на Црвената планета.
Набрзо по слетувањето, Ватни е соочен со опасноста да биде и прв кој на Марс ќе ги остави своите коски, затоа што спасувачката екипа е оддалечена милиони километри.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран