Резултати од анкети три недели пред првичните избори во САД
Кандидатката за Белата куќа од Демократската партија Хилари Клинтон е „загрозена“ од Барни Сандерс, а кај републиканците Тед Круз има се поголема поддршка во „натпреварот“ со Доналд Трамп.
Тоа го покажуваат резултати од анкети, три недели пред почетокот на првичните избори на двете водечки партии во САД за претседателскиот натревар во ноември.
Првичните избори ќе почнат на 1 февруари во малата држава Ајова и ќе траат неколку месеци.
На национално ниво кај републиканците, Трамп има 34 отсто поддршка, следат сенаторите Тед Круз (20 отсто), Марко Рубио (11 отсто) и лекарот Бен Каросн (9,5 отсто).
Тие податоци ги објави Риал клиар политикс, кои собираат податоци од социолошки анкети.
Во Ајова сепак, работите се малку поинакви.
Трамп и Круз се изедначени со разика во рамки на статистичка грешка.
Според анкета на Пи-Пи-Пи, Трамп има поддршка од 28 отсто, а Круз 26 отсто.
Според институтот Квинипиак, Трамп има 31 отсто, а Круз – 29 отсто поддршка.
Кај демократите, Сандерс води во Ајова пред Клинтон со 49 спрема 41 отсто (Квинипиак).
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ