Ретроспективна изложба на Спасе Куновски
Ретроспективно-монографската изложба на еден од доајените на македонската современа ликовна уметност Спасе Куновски (1929-1978) ќе биде отворена в среда во Даут-пашин амам, со почеток во 19 часот.
Кустосот Маја Неделкоска-Брзанова на денешната-прес конференција информира дека ова е еден од најголемите и најафирмирани проекти годинава на Националната галерија на Македонија.
Потсети дека и досега организирале голем број ретроспективно-монографски изложби со единствена цел, како што рече, да се афирмираат и да се обнови сеќавањето на авторите кои дале голем и значаен придонес за афирмација на македонската современа ликовна уметност. Таа најави дека и во иднина ќе организираат ретроспективни изложби или изложби поврзани со одредени јубилеи кои го одбележуваат творештвото на реномирани македонски современи уметници.
Кустосот Ана Франговска појасни дека овој проект го работеле годинава заедно со Маја Неделкоска-Брзанова, а интензивните подготовки се одвивале во последните два месеца.
- Утрово првпат ги отворивме сите дела за да правиме организација во просторот. Имаме вкупно 75 дела. Процесот на анализирање и пронаоѓање на сопственоста на делата излезе како голем предизвик, рече Франговска. Потенцира дека годинава за реализација на изложбата и за обемниот монографски труд имале голема поддршка од Министерството за култура.
Во монографскиот труд има преглед на творештвото на Куновски, контакти, монографска студија за неговиот живот и творештво од Франговска, а има интегрални текстови и извадоци од историчари на уметност, есеисти, филозофи, кустоси кои пишувале за Куноски...
Франговска се осврна на животот и делото на Куновски, нагласувајќи дека во неговиот краток животен век од 49 години, создал околу 250 дела, од кои успеале да лоцираат 120.
- Голем дел од делата се уште се во сопственост на неговата сопруга Нада и ќерката Јана Куноски. Голем број негови дела се наоѓаат во колекците на Националната галерија на Македонија, која поседува 13 и Музејот на современа уметност, каде се наоѓаат 11 дела, рече Франговска.
Ќерката на Спасе Куновски, Јана ја поздрави иницијативата на Националната галерија на Македонија за организирање изложба. Според неа, со изложбата им се прави чест на Куновски и на неговото семејство.
Изложбата ќе биде отворена до 18 декември годинава.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката