Реставрацијата на Еврејските гробишта во Штип во завршна фаза
Заводот за заштита на спомениците и музеј - Штип ги завршува активностите за конзервација и реставрација на Еврејските гробишта во Штип, кои се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура.
По археолошките истражувања, најпрвин беа извршени конзерваторски зафати на секторите со гробните места кои беа најмногу оштетени, а потоа се премина и на конзервација на помалку оштетените. Досега се конзервирани повеќе од 73 гробни места, кои целосно ќе бидат заштитени до крајот на овој месец.
Со тоа, посочува Министерството за култура, овој значаен комплекс ќе биде ставен во функција на промоција на културното и историското наследство на еврејскиот народ во нашата држава.
Активностите се одвиваат врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Општина Штип и Министерството за култура на Република Македонија.
- Покрај комплетната конзервација и реставрација на Еврејските гробишта, веќе е изграден и патот кој води до овој локалитет. Еврејските гробишта во Штип датираат од 19 век, а практиката на погребување на ова место се одвивала до 1943 година, информира Министерството за култура.
Минатата година почна и реализацијата на проектот за преуредување на Еврејските гробишта во Битола во Меморијален парк на Евреите. Овој проект, наведува Министерството, придонесува во заштитата на историското наследство на еврејската заедница која опстојувала во оваа околина повеќе од пет века.
- Преку овие активности продолжува соработката меѓу Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Државата Израел и единиците на локалната самоуправа што претставува неоспорен показател за континуиран адекватен третман на еврејската заедница во Македонија како нераскинлив дел од современото општествено живеење во нашата земја, соопшти Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Деца пронајдени во бесознание
-
Јаневска најави ревизија на универзитетите
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Атанасовски, невролог во ГОБ „8ми Септември“
-
100 години Прилепска пиварница
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега