Живот
12. July 2024 - 19:44

100 години Прилепска пиварница

Утре со голем концерт во центарот на Прилеп на кој што ќе настапат ДНК, Тропико Бенд и Марија Шерифовиќ Прилепска Пиварница ќе одбележи 100 години од своето постоење. Ретки сe компаниите не само во Македонија туку и во поширокиот регион кои можат да се пофалат со еден ваков значаен јубилеј. За утре е најавен вистински спектакл со огромна музичка сцена како и промотивни цени на сите пијалоци не само на 12 штандови на плоштадот туку и во сите угостителски објекти пивата Златен Дад и Крали Марко од 0.5 литри ќе се продаваат за 50 денари, соковите за 40 и водата за 30 денари.

„Договорено е да се постави музичка сцена која претходно била поставувана во златните времиња на постоење на Пиво Фест во нашиот град, сцената е со димензии 12 на 8 метри, со 3 лед екрани од кои 1 централен со димензии 10 на 5 метри и плус 2 странични со димензии 5 на 3 метри за да може да се гледа од секоја страна секој артист. Им благодарам на сите сопственици на угостителски објекти во Прилеп што се приклучија на нашата иницијатива да го прославиме сите заедно роденденот на Прилепска пиварница, да ги намалат цените на домашните пива на 50 денари во текот на целиот ден“, рече Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

За критиките дека не поддржувале домашни пејачи од компанијата истакнаа дека тоа било само безобразлук и злоба затоа што немало наш музичар или настан кој не го поддржале.

„Не можат да не обвинат нас за непатриотизам, кога секоја година како компанија инвестираме од 150 до 250 илјади евра годишно во спонзорства, донации и помош на лица, проекти, настани кои од општествен интерес на оваа држава“, додаде Самарџиоски.

Утре се очекува сите патишта да водат во Прилеп каде е обезбеден паркинг за сите возила, а забавата и безбеноста е максимално загарантирани.