Републички натпревар во табла за лица со телесен инвалидитет во Тетово
Во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност” денеска во ресторанот Арена во Тетово по седми пат се одржа Републичкиот натпревар во табла. На годинашните натпревари учествуваат лица со телесен инвалидитет од 12 градови во Македонија.
- Целта е да се дружиме и да покажеме дека живееме и постоиме какои другите граѓани. Ние како „Мобилност“ активно и секојдневно работиме за унапредување на правата на овие лица и со тоа да ја потврдиме Конвенцијата за правата на телесните инвалиди што е ратификувана на 11 декември 2011 година од страна на Македонија, изјави Велимир Јаќимоски од здружението „Мобилност”
Учесниците на натпреварот велат дека ваквите активности се одлични за запознавање и дружење со лица со телесен инвалидитет од цела Македонија. Од здружението „Мобилност” поосчија дека продолжуваат со разните тековни активности, а веќе започнале да се подготвуваат и за одбележување на 3 Декември - Светскиот ден на лица со попреченост. Најавија протестен марш до општината за подигање на свеста на институциите и потребата од поголема грижа и разбирање за лицата со инвалидитет.
Ново на Сител
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски