„Репортери без граници“: Никогаш слободата на медиумите не била толку загорзена
Напади врз медиумите, лажни информации, репресии и триумф на „силните лица“ како Трамп и Ердоган - никогаш слободата на медиумите во светот не била толку загрозена, стои во годишниот извештај на невладината организација „Репорети без граници“, посветен на слободата на медиумите.
Слободата на медиумите преживува „тешка“ и „многу сериозна“ ситуација во 72 (од вкупно 180 земји каде е извршена проценка), меѓу кои и Кина, Русија, Индија, сите земји од Блискиот исток, Централна Азија и Централна Америка, какo и две третини од земјите во Африка.
Картата на светот, изработена од „Репортери без граници“ е обележана целосно со црвена боја, што означува дека ситуацијата со слободата на медиумите е многу сериозна.
Медиумите уживаат слобода само во педесетина земји во светот - во Северна Америка, Европа, Австралија и јужниот дел на Африка, се наведува во извештајот.
„Репортери без граници“ се вознемирени од тоа дека постои ризик од негативни промени во ситуацијата со слободата на медиумите во светот, особено во важни демократски земји, се посочува во документот.
Опсесивното следење и непочитување на принципот за зачувување на тајноста за изворите, придонесуваат за падот на многу земји, сметани претходно за добродетелни во областа на слободата на медиумите, се заклучува во извештајот што содржи рангирање на земјите, подредени по показателот „слободата на медиумите“.
Така на пример, САД паднаа за две места до 43. место, и Велика Британија исто така за две - до 40. место.
„Доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп и Кампањата за Брегзит во Велика Британија им дадоа поголема гласност на критиките и нападите врз медиумите и на лажните вести“, се забележува во извештајот.
Секаде, каде што моделот на посилниот и авторитен човек триумфира, слободата на печатот отстапува, стои во документот.
Падот се забележува и во Полска (54.место), каде е задушена независноста на опозицискиот печат, како и во Унгарија со доаѓањето на премиерот Виктор Орбан.
Турција го зазема 155. место (за четири места подолу во однос на минатата година) бидејќи претседателот Реџеп Таип Ердоган ја претвори земјата во „најголемиот затвор за вработените во медиумите“, забележуваат „Репортери без граници“.
Русија на Владимир Путин (на 148. место) останува на истата позиција, кон дното на листата.
Во Азија, Филипините се искачуваат нагоре за 11 места (127 место) благодарение на намалувањето на бројот на убиени новинари во 2016 година, но филипинскиот претседател Родриго Дутерте постојано упатува навреди кон новинарите.
Во класификацијата на „Репортери без граници“ на прво место се скандинавските земји, како што беше и минатата година.
Тоа значи дека Норвешка, Шведска, Финска и Данска имаат слобода на медиумите.
На дното на листата се Еритреја и Северна Кореја каде слушањето на странско радио може да доведе „директно до концентрационен логор“, се потенцира во извештајот.
Меѓу 25-земји, каде медиумите се најпогодени, според „Репортери без граници“, се Египет, Бахреин - определени како „затвори за новинари“, Туркменистан - оквалификувана како „една од најзатворените диктатури во светот“ и Сирија (177 место), земја што е најсмртоносна за новинарите.
Новинарите и медиумите се под закани во Узбекистан, Азарбејџан, Виетнам, Лаос, Куба, Судан и Екваторска Гвинеја, се наведува во извештајот.
„Репортери без граници“ критикуваат и неколку земји од Блискиот исток, како Иран (165 место), каде се трујат новинарите или се осудуваат на камшикување, како и Саудиска Арабија (168 место) каде новинарите исто така се осудуваат на камшикување.
За Франција, организацијата констатира дека се искачила од 45. место на 39. место, но се дополнува дека во земјата владее состојба на вербални напади против медиумите.
Ново на Сител
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка