Товарен воз се излизга кај Романовце, Кумановско, нема повредени | ФОТО
Товарен воз се излизга на пругата во село Романовце, Кумановско нема повредени лица, соопштија денеска од ЈП за Железничка инфраструктура, Железници на Република Македонија- Скопје.
Несреќата се случила во 9:20 часот кога товарниот воз кој сообраќаел од Трубарево кон Куманово и превезувал толчаник (камен) за потребите на ЈП за Железничка инфраструктура се излизгал и се случила хаварија на 14 вагони од вкупно 20-те вагони. Од претпријатието соопштија дека оштетена е и пругата и ќе има застој на коридорот 10.
-Комисијата за вонредни настани која е составена од стручни лица вработени во АД МЖ Транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура е излезена на местото за да направи увид и ги открие причините за несреќата, соопштија надлежните.
Од Јавното претпријатие велат дека првин ќе се расчисти пругата од излизганите вагони, по што стручни екипи ќе извршат санација на оштетениот дел.
-Ќе се работи со засилен интензитет за да може што е можно побргу, повторно да се воспостави сообраќајот на Коридорот 10, кој е од најголемо значење за железничкиот сообраќај во државата,наведуваат претпријатието.
Од СВР Куманово велат дека кај нив настанот е пријавен и дека нивна екипа врши увид.
Ново на Сител
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала