Рекордни 20 новозаболени од коронавирус во Тиквешко
Рекордни 20 новозаболени КОВИД случаи се потврдени во Тиквешко во последните 24 часа.
Како што информира за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, од потврдени се 15 нови случаи во Кавадарци, три во Неготино и два во Демир Капија, на возраст од три до 72 години, од двата пола.
-Сите се со симптоми, двајца на возраст од 63 и 47 години се хоспитализирани во болница. Петмина претходно имале контакт со заболено лице, другите не знаат каде се заразиле, рече докторот, според кој, заболена е и една медицинска сестра.
Меѓу новозаболените има и едно тригодишно дете од градинка, па затоа во изолација се воспитувачка, негувателка и 13 дечиња од неговата група. Денеска ќе се дезинфицираат просториите во градинката.
Ново на Сител
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница