Рекорден број имигранти во ЕУ во јули
Бројот на имигрантите, кои влегле во Европската унија минатиот месец достигна нов рекорд, соопшти Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс.
Поголемиот дел од новопристигнатите имигранти се Сиријци и Авганистанци, кои влегле во Грција од Турција.
Според податоците на Фронтекс 107.5000 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули. Првпат бројот на имигрантите кои влегле во период од еден месец е над сто илјади.
Околу 340 илјади имигранти влегле во ЕУ од почетокот на годината до јули, додека минатата година таа бројка изнесувала 280 илјади.
- Во Европа ситуацијата е критична, поради што сите земји-членки треба да интервенираат, изјави денеска директорот на Фронтекс Фабрис Леџери.
Тој ги повика останатите 26 држави од Унијата да им дадат поголема помош на Грција и Унгарија.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција околу 2.350 имигранти загинале од почетокот на годината во обид да достигнат до Европа преку Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани