Реконструкција на турската Влада
Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изврши реконструкција на неговиот владин Кабинет, јави телевизијата НТВ.
Промените во неговата Влада, Јилдирим ги соопшти по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Со реконструкцијата се сменети четворица од петмината вицепремиери како и петмина досегашни министри.
Вицепремиери во новата Влада се Бекир Боздаг, Мехмет Шимшек, Фикри Ишик, Реџеп Акдаг и Хакан Чавушоглу.
Нов министер за правда е Абдулхамит Ѓул, за храна и земјоделство Ахмет Ешреф Факибаба, за култура и туризам Нуман Куртулмуш, за здравство Ахмет Демирџан, а за труд и социјална политика Жилиде Сариероглу.
Остантите министри ги задржаа досегашните ресори и во новиот владин Кабинет.
Промените во Владата на Јилдирим беа очекувани уште од мај годинава кога Ердоган, по измените на Уставот, повторно беше избран за лидер на владејачката Партија на парвдата и развојот.
Со уставните измени, кои беа одобрени на референдумот на 16 април годинава, беше овозможено шефот на државата да извршува и партиски функиции.
Ново на Сител
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром