-->
-->
Реконструкција на патот село Очипала – село Драмче, Делчевско
-->
Денеска започна реконструкцијата на патниот правец село Очипала – село Драмче, Делчевско, во должина од 2, 6 километри и со вкупна вредност од 18 милиони денари, обезбедени од Агенцијата за поддршка на руралниот развој и Општина Делчево.
Градоначалникот Дарко Шехтански кој беше на увид на градежните работи, истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е од големо значење за жителите кои живеат во овој дел и за сите кои имаат имот на територијата на Драмче.
- Средствата во висина од 15 милиони денари се обезбедени од Владата на РМ, преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој, додека околу 3 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.Реконструкцијата ги опфаќа најоштетените делови од овој патен правец, а според проектот планирано е и негово проширување, рече Шехтански.
Градежните зафати на патниот правец треба да завршат за еден месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот