Реконструиран стадионот „ССК” во Драчево
Обновениот спорстки стадион „ССК“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода синоќа е пуштен во употреба. Општинската прес-служба соопшти дека по децениска запуштеност и негрижа, стадионот кој некогаш важеше за едно од главните спортски обележја на Кисела Вода, доби целосно нов лик во согласност со современите спортски стандарди.
Станува збор за целосна реконструкција што опфаќа девет нови соблекувални, современа теретана, туш кабини, поставена е нова заштитна ограда по целата должина на објектот, а тревната подлога е комплетно санирана. Посебно значајно, како што посочуваат од општината, е и новото осветлување со рефлектори, кое овозможува користење на теренот и во вечерни услови – за тренинзи и официјални натпревари.
- Обновата на спортска инфраструктура е поставена високо во листата на моите приоритети како градоначалник и се трудам тоа да им го овозможам на моите граѓани на секој начин - преку инвестирање, преку градење, преку лобирање до надлежните во случај кога друга институција ги има ингеренциите, како што е овој случај. Силно верувам дека обновата на ССК ќе роди нови спортски ѕвезди, чии успеси сите ќе нѐ направат горди, ја пренесува општинската прес-служба изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со температури до 39 степени
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре