Река не го менува мислењето за Договорот од Преспа, конечниот став ќе го каже откако ќе го види финалниот текст
Река останува на првичната позиција и не го менува својот став во однос на Договорот од Преспа, но конечната одлука ќе ја кажат во грчкиот Парламент откако ќе го видат финалниот текст, објасни лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис, по последните шпекулации и информации дека Река се двоуми дали да го поддржи решението меѓу Македонија и Грција кога ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент.
– Кажувам дека Река не го менува своето мислење. Река верува дека мора да постои решение бидејќи доколку проблемот се продолжи, не гледаме што би добиле. Но, од друга страна, ние не сме лишени од правото да ги оценуваме изјавите кои го навредуваат грчкиот народ или нашите Македонци, рече Теодоракис и додаде дека тие излегуваат со ставови за работите онака како што течат, во исчекување на финалните текстови за да го изразат нивниот став во Парламентот.
Лидерот на партијата говореше на промоцијата на книгата на потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, и објасни дека Река уште од прв момент има јасна позиција, сака решение, бидејќи верува дека е во интерес на Грција и на новите генерации да се затвори долгогодишниот спор, јави дописничката на МИА од Атина.
– И во Парламентот реков дека овој договор што дојде, не е најдобар. Постојат точки, за кои Река не се согласува уште од прв момент. Но, од друга страна, разгледуваме што добивме сите овие години. Па така, во март, Грците ќе мора да донесат голема одлука што нема да биде лесна. Ќе треба или да кажат „не“ за нешто што го поддржуваат сите наши сојузници или ќе треба да чекорат по тежок пат на еден договор за кој многу работи ќе се проценат во пракса, ќе се процени врз основа на расположението и на политичарите во земјата, но и на граѓаните, рече Теодоракис.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?