РЕК Битола работи со еден блок, постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден
По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок, информираат од Електрани на Северна Македонија.
-Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1. Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде повторно ставен во функција и РЕК Битола да продолжи со работи со два блока, велагт оттаму.
Додаваат дека во тек се пуштачки операции на Блок 3 кои вчера беа прекинати заради испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО.
-Постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден. Ремонтот на Блок 2 на РЕК Битола се одвива непречено и согласно предвидената динамика, информираат од Електрани на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место