Македонија
3. March 2023 - 12:16

РЕК Битола од денеска работи со полн капацитет

Блок 2 на РЕК „Битола“ е вратен на мрежа утрово во 9.53 часот, информираат надлежните.

Постројката, како што додаваат, повторно е ставена во функција по завршувањето на активностите за нега и санација.

Во согласност со планот за производство на АД ЕСМ, РЕК „Битола“ продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока.