Рејтингот на Доналд Трамп достигна нов минимум
Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп достигна нов минимум - само 33 отсто од Американците ја одобруваат неговата работа. Ова го покажа денеска објавената анкетата на Галуп.
Според истражувањето, спроведено на 29 октомври, 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат Трамп, а 62 процента ја оцениле неговата работа со лоша оценка. Во анкетата учествуваа 1.500 луѓе.
Во периодот 26-28 октомври, поддршката за Трамп беше 35 проценти. Овој индикатор во октомври не надмина 39 проценти.
Претходниот низок рејтинг на Трамп беше регистриран на 14 август, кога тој доби поддршка од 34 отсто од Американците, додека 61 процент беа против него.
Врвот на поддршка за американскиот претседател, не сметајќи ја својата прва недела во Белата куќа, беше регистриран на 11 март, кога 45 отсто од Американците ја одобрија неговата работа. Спротивно мислење имале 49 отсто.
Минимумот на неговите претходници, демократите Барак Обама и Бил Клинтон, не падна под 38, односно 37 отсто. А, Џорџ Буш имал рејтинг и од 25 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото