Македонија
18. April 2016 - 13:01

Регулаторна ја донесе одлуката - Нови цени на горивата

Бензините поскапуваат за половина денар и за денар, цената на дизелот не се менува.
 
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 денар и изнесува 62,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар и изнесува 63,50 ден/лит.
 
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 44,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,50 ден/лит.